Дома Фудбал Останато Скандал во Босна: Велкоски и Сарајево биле приморани да играат против шест играчи позитивни на Ковид-19!

Скандал во Босна: Велкоски и Сарајево биле приморани да играат против шест играчи позитивни на Ковид-19!

Скандал го тресе босанскиот фудбал откако  тимот на Сарејево бил приморан да игра натпревар против Широки кој во тој имаомент имал дури 12 позитивни фудбалери и можеле да сметаат само на 13 играчи.

Имено, фудбалскиот сојуз на БиХ не ја прифатил можноста да се одложи натпреварот. Поради тоа Широки бил приморан да истрча на теренот со шест играчи кои покажале симптоми на коронавирус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Освен 12. фудбалери кои претходно имаа симптоми и се ставени во изолација денес се потврди дека уште шест играчи кои настапија против Сарајево и еден член на стручниот штаб се позитивни на коронавирус. Ние се плашевме од вакво сценарио и баравме одложување, бидејќи го загрозуваме и нашиот противник. Здравјето треба да биде пред се“, соопштија од овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…