Дома Македонски спорт Велкоски: Среќен сум што се вратив дома!

Велкоски: Среќен сум што се вратив дома!

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски е повторно во својот Работнички. Тој потпиша договор со нашиот клуб и ќе биде огромно засилување за тимот на Љупчо Марковски за претстојната сезона.

Напаѓачот третпат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички. Беше дел и од шампионските времиња, играше во периодот 2006 – 2008 и во периодот 2011 – 2013 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се чувствувам многу среќен, затоа што се вратив дома. Тоа е секогаш посебно чувство. Емоциите кон Работнички секогаш се максимални, верувам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари целите во претстојната сезона“, вели Крсте Велкоски.

Тој во кариерата играше и за Металург, Кахлаул (Романија), Енозис (Кипар), Инчеон (Јужна Кореја), Након Рачасима (Тајланд) и Сараево (БиХ). Во новата сезона, повторно ќе биде дома, во Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…