Дома Трансфер зона Ситуацијата не наведува така да размислуваме: Бразилец ќе биде новото засилување за Мурињо

Ситуацијата не наведува така да размислуваме: Бразилец ќе биде новото засилување за Мурињо

0
fred

Бразилецот долго време се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се во потрага по централен играч за врска. „Граѓаните“ ги напушти Јаја Туре, а додека кај Јунајтед кариерата ја заврши Мајкл Керик, покрај тоа најверојатно заминува и Фелаини.

Фред од Шахтјор беше мета и на едните и на другите, дури и капитенот на украинскиот клуб истакна дека Бразилецот би можел да заврши во Манчестер. Но не откри за кој дел станува збор (црвениот или синиот).

„На сите им ставив до знаење дека сум среќен тука, но дека сакам да направам чекор напред во мојата кариера“, изјави Фред.


Следете го Sportski.mk и на


Сега доколку земеме предвид дека Жоржињо е прва мета на Манчестер Сити и според медиумите на Островот неговите агенти веќе одржале неколку состаноци со „граѓаните’, тогаш Фред е поблиску до Манчестер Јунајтед.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Раиола негира: Ибрахимовиќ не преговара со Милан!

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, не преговара со Милан, тврди неговио…