Дома Фудбал Сити минимално, Ливерпул со една нога во полуфинале🎥

Сити минимално, Ливерпул со една нога во полуфинале🎥

Англиските клубови запишаа победи во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони.

Манчестер Сити со минумална победа ќе патува на гостувањето кај Атлетико Мадрид. „Граѓаните“ во текот на целиот меч беа подобар противник и создаваа шанси.

Атлетико Мадрид добро се бранеше и се обидуваше да се закани преку контранапади.

Сити ја материјализираше добрата игра во 70-та минута, кога Де Брујне погоди за водство од 1:0, што се покажа како конечен резултат.

Ливерпул ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Бенфика и запиша победа од 1:3.

Конате во 16-та минута беше највисок во скокот после еден корнер и погоди за водство од 1:0. Петнаесет минути подоцна Мане погоди за 2:0. На стартот на вториот дел Њунес намали на 1:3, а Луис Дијаз го постави конечниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…