Дома Топ вести Сите обвинуваат за грабеж, а Анчелоти вели: Чуден натпревар…

Сите обвинуваат за грабеж, а Анчелоти вели: Чуден натпревар…

Натпреварот на Реал Мадрид од 21. коло во шпанското првенство против Алмерија (3:2) предизвика бурни реакции поради неколку спорни одлуки во корист на „кралевите“.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез порача дека не би сакал да зборува за тоа што се случуваше на натпреварот на Реал Мадрид бидејќи би бил казнет ако каже што мисли. (ТУКА) Но неговиот колега на клупата на Реал, Карло Анчелоти тврди дека ВАР бил во право.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Чуден натпревар. Ни недостасуваше енергија во првото полувреме, мојата проценка од тренингот беше погрешна, тимот беше уморен и одигравме лошо. Во вториот дел работите се промениај и го свртевме резултатот. Разбирам зошто Алмерија се врати, тоа беа одлуки кои ВАР ги провери и беа исправни“, изјави Анчелоти.

Незадоволството од судењето во Мадрид по вчерашниот натпревар не го криеше и фудбалерот Марк Пубил.

„Одигравме одличен натпревар. Меѓутоа некој одлучи дека тука не може да победиме“, изјави Пубил.

Ќе потсетиме, Алмерија водеше со 2:0 на полувремето, а во вториот дел Реал Мадрид постигна три гола и направи пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миовски во тимот на месецот во Примера

Македонскиот репрезнетативец Бојан Миовски во последно време игра одлично во дресот на Џир…