Дома Трансфер зона Синот на легендарниот Патрик Клајверт ја напушта Рома, познат новиот клуб

Синот на легендарниот Патрик Клајверт ја напушта Рома, познат новиот клуб

Во последниот ден од преодниот рок ќе видиме и трансфер на реалција Рим-Валенсија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Рома во Валенсија преминува синот на легендарниот Патрик Клајверт, Џастин. Жозе Мурињо и Рома сметаа дека оваа сезона немаат потреба од Клајверт во офанзивата, па така Холанѓанецот ќе го гледаме во нов дрес.

За потписот на Клајверт во игра беа Фулам и Валенсија, а на крајот тој ја избрал Валенсија. Според информациите на познатиот Фабрицио Романо, Џастин веќе добил зелено светло да се упати за Валенсија и да го комплетира трансферот до крајот на денот.

Во Рома Клајверт е од 2018 година, но беше испраќан на позајмици во Лајпциг и Ница, а во редовитњ на „волчицата“  пристигна од Ајакс во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…