Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Симпатичните Јапонци ја срушија и Шпанија за осминафинале, Германија тагува!

Симпатичните Јапонци ја срушија и Шпанија за осминафинале, Германија тагува!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Драматична завршница имавме вечерва во групата „Е“ од која како најголеми трагичари излегуваат Германците, во осминафиналето продолжуваат Јапонија и Шпанија.

Германија со 2:4 ја победи ја Костарика, но тоа не и помогна многу. Гнабри ги доведе Германците во водство после само 10 минути игра.

Во второто полувреме Костарика преку Тејада и Варгас направи целосен пресврт. Сепак, три минути по голот за водство Костарика во 73. Минута Хаверц ја враќа предноста за германската репрезентација. Во финишот Фулкруг ги постави конечните 2:4.

Победата на Германците беше залудна затоа што Јапонија повторно изненади и ја совлада Шпанија со 2:1. Не изгледаше дека ќе видиме изненадување кога Мората во 11. минута го постигна својот трет гол на првенството за водство на „Фуријата“.

Јапонците до шокантниот пресврт стигнаа во вториот дел со двата брзи гола на Доан во 48. и Танака во 51. минута.

За Германија ова е втор Мундијал во низа кој го завршуваат со елиминација во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гвардиола искрено објасни зошто настанал проблемот со Кансело

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалерите на Манче…