Дома Трансфер зона Симеоне призна дека имал средба со Дибала: Еве што му порачал!

Симеоне призна дека имал средба со Дибала: Еве што му порачал!

За време на репрезентативната пауза ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала беше во Мадрид и имаше средба со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше мотив веднаш да почнат шпекулации дека „јорганџиите“ го сакаат Аргентинецот и дека веќе спремиле понуда од 150 милиони евра.

Симеоне денес јавно проговори за таа средба која според него била „случајна“ и им порача на новинарите да не измислуваат бесмислици.

„Да, се сретнав со Дибала, разговаравме, му кажав што мислам за него. Му порачав дека е голем играч и тоа е се. Тој седеше сам на масата, јас бев со неколку мои пријатели и немаше ништо повеќе од тоа. Има новинари кои добро си ја вршат работата, но има и такви кои измислуваат секакви бесмислици“, Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…