Дома Фудбал Симеоне НЕ е импресиониран од Суарез

Симеоне НЕ е импресиониран од Суарез

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не е импресиониран од головите на новото засилување Луис Суарез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суарез пред неколку дена пристигна во Атлетико Мадрид и уште на своето деби постигна два гола и запиша асистенција во победата над Гранада од 6:1.

Симеоне е задоволен од перформансот на Суарез, но не е импресиониран од неговите голови.

„Не бев импресиониран од неговите два гола. Но, неговите асистенции, неговите пробиви и неговите движења на теренот ме импресионираа. Неговото доаѓање предизвика многу добро внатрешно натпреварување. Ако 23-те играчи ја прифатат минутажата што ја добиваат, сигурен сум дека ќе се справиме многу добро. Од моја перспектива, кога ќе го изберам тимот, барам играчи кои знаат да се претстават добро и кои ја прифаќаат ситуацијата и кога играат и кога не играат“, изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…