Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во дербито од 8.коло на Ла Лига. Реал поведе во 65. минута со голот на Милитао, а Атлетико дојде до бод преку Хуан Кореа во петтата минута од судиското надополнување. Натпреварот го одбележа прекинот, кој се случи во 68. минута откако домашните навивачи фрлаа разни предмети кон голманот на Реал, Тибо Куртоа.
„Не го оправдувам тоа што го направија и на тие луѓе им нема место на стадионот. Меѓутоа, понекогаш виновни се и учесниците на натпреварите и тие треба да размислуваат што прават.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Мора да внимавате како славите гол и како се однесувате, велам, тоа што се случи не е во ред, но мораме сите заедно да внимаваме на нашето однесување“, изјави Симеоне по натпреварот.