Едисон Кавани на лето најверојатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ се во потрага по уште еден напаѓач.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Диего Коста на лето готово сигурно ќе си замине, а Симеоне како негова замена го сака напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет.
Мадритскиот весник „Марка“ тврди дека Диего Симеоне и управата на Атлетико веќе почнале да работат да го доведат Французинот во Мадрид и за тоа спремиле 50 милиони евра.
„Јорганџиите“ се заинтересирани и за дефанзивецот на Вест Хем, Иса Диоп. 23-годишниот дефанзивец покажува одлични партии во Премиер лигата и неговата цена во моментов изнесува 50 милиони евра.