Дома Македонски спорт Мак фудбал Симболични цени: Македонија – Словенија за само 50 денари

Симболични цени: Македонија – Словенија за само 50 денари

0

Македонската фудбалска репрезентација на 10. октомври против Словенија ги продолжува европските квалификации за пласман на ЕП.

По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за висок пласман во нашата група.

Поради тоа поддршката од трибините е исклучително важна, па ФФМ се ослучи за симболични цени на билетите.

Билетите за западната трибина ќе чинат само 50 денари, за јужната и северната се 150 и 200 денари.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020“, порачуваат од ФФМ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пораз во Варшава: Сега шансите за ЕП преку квалификациите се минимални (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија вечерва претрпе пораз од Полска и на тој начин скоро и да г…