Дома Фудбал Се јави човекот кој го спаси Лапорта: Не знам што уште треба да направи Барса

Се јави човекот кој го спаси Лапорта: Не знам што уште треба да направи Барса

Утрово беше објавено дека Барселона продала нови 24.5% од „Барса Студиос“ за 100 милиони евра, но зделката место со ГДА Лума е направена со „Орфеус Медиа“, компанија која е во сопственост на првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.

Сега се чека да се види дали Лапорта ќе даде зелено светло за регистрација на новите играчи со овие нови 100 милиони евра. Во медиумите се огласи и сопственикот на „Орфеус Медиа“, Жауме Рурес.

„Не знам што уште Барса треба да направи за да ги регистрира засилувања, но знам дека овие 100 милиони евра ќе бидат доволни да го видиме најдоброто“.

Тогаш новинарите го запрашаа дали очекува се да биде во ред и Барса да игра со најсилниот состав во првото коло.

„Мислите ли дека ќе го прекинев одморот ако сметав поинаку?“, кратко одговори Рурес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трет сезонски гол за Елмас, но Еспозито ја држи Аталанта во негатива

Елиф Елмас погоди против Интер во 35. минута, но Аталанта и натаму брка резултат. Милански…