Дома Фудбал Англија Се тресе столчето на Покетино: Ќе има ли наскоро нова тренерска смена во Челзи?

Се тресе столчето на Покетино: Ќе има ли наскоро нова тренерска смена во Челзи?

Ниту со Маурисио Покетино Челзи не успева да ја стабилизира формата и „сините“ постојано играат топло-ладно и резултатите се далеку од очекуваните. Токму затоа во јавноста веќе се шпекулира за евентуален отказ на Маурисио Покетино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челзи по 15 одиграни кола се наоѓа на 10. позиција на табелата, место што е далеку од она што го посакуваат сите во клубот.

Посебно е разочарувачки што Челзи не настапува во Европа, па и тоа што се фокусирани само на домашното првенство не е доволно, па ривалите повторно се пред нив.

Вчера „сините“ го загубија дербито против Манчестер Јунајтед со 2:1, а тој пораз ги подгреа шпекулациите дека наскоро Покетино може да биде сменет. Челзи од 15 натпревари во Премиер лигата има само пет победи и дури шест порази и четири нерешени резултати.

Следниот предизвик на избраниците на Покетино е натпреварот против Евертон и од оваа средба можат да зависат многу работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бернардо Силва може да направи неочекуван трансфер во Шпанија!

Атлетико Мадрид напорно работи на обезбедување на значително засилување за следната сезона…