Дома Фудбал Се случува и на најдобрите: Роналдо промаши пенал!

Се случува и на најдобрите: Роналдо промаши пенал!

Кристијано Роналдо не успеа да постигне погодок од 11 метри во победата на Јувентус против Сампдорија.

Во 89. минута беше досуден пенал за Старата дама. Нормално, Роналдо ја презема одговорноста, шутира топовски, но ја погоди пречката.

Португалецот беше видно разочаран бидејќи го оддалечи од титулата за најдобар стрелец, бидејќи на две кола до крајот Чиро Имобиле има три повеќе (34-31).

Сепак, КР7 на крајот може да биде задоволен бидејќи неговиот тим ја освои титулата, деветта во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Петмина Италијанци на тенок мраз: Жолт картон против Франција носи пауза

Донарума, Бастони, Фаџоли, Вергара и Скамака мора да внимаваат против Франција – нов жолт …