Дома Фудбал Останато Се се менува, Балотели НЕ: Тренерот на Ница го нападна Марио

Се се менува, Балотели НЕ: Тренерот на Ница го нападна Марио

Екипата на Ница беше поразена и во реваншот против екипата на Наполи, а тренерот на францускиот клуб после натпреварот беше исклучително лут на Марио Балотели.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Балотели во првиот натпревар беше повреден, додека во вчерашниот натпревар Италијанецот беше дел од стартниот тим на Ница, но не покажа апсолутно ништо, а тренерот Лусијан Фавр после натпреварот испрати отворени критики кон проблематичниот фудбалер.

„Марио Балотели беше отсутен во овој натпревар. Не покажа апсолутно ништо. Моја грешка е што не го заменив порано. Заигравме многу подобро кога во игра влезе момчето за кое веројатно никој не слушнал“, изјави Фавр.

Фавр не застана тука.

„Посилни се, тоа е јас. Беше јасно уште од ждрепката. Но кога еден или двајца фудбалери не прават ништо на теренот, апсолутно е невозмжно да победите во било кој натпревар“, изјави Фавр.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…