Дома Фудбал Останато Се распадна пред да почне: Англиските клубови излегоа од Суперлигата

Се распадна пред да почне: Англиските клубови излегоа од Суперлигата

Вистински хаос се случува во европскиот фудбал, откако 6-те англиски клуба одлучија да се откажат од основање на Суперлигата.

Откако УЕФА и целиот фудбалски свет покажа силен отпор на Суперлигата, Челзи и Манчестер Сити беа први кои најавија излегување од целиот проект.

Наводно двата клуба ги согледале негативните ефекти и фактот дека нивните навивачи се против Суперлигата, па се одлучија на ваков потег.

Веднаш потоа им се придружија и останатите англиски клубови кои беа дел од Суперлигата, Манчестер Јунајед, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем, а повлекување најавија и Барселона и Атлетико Мадрид.

Ова значи „крах“ за Суперлигата и целосно распаѓање на проектот кој го формираа 12 европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси потроши 349 милиони, а сепак заврши во плус: Од Стeмфорд Бриџ заминаа дури 39 играчи!

Челси за време на летниот преоден рок продаде 17 и изнајми уште 22 фудбалери. Клубот тврди…