Управата на Челзи вчера го назначи Френк Лампард за тренер до крајот на сезоната, но очигледно е дека не планираат тој да биде долгорочно решение на клупата на двократниот европски шампион.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По отказот на Греам Потер, како потенцијални тренери од почетокот на следната сезона се споменуваа Луис Енрике и Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ од Баерн.
Сепак, според британските медиуми, една од опциите кои се појави е Марсело Галјардо, аргентински стручњак.
Гаљардо ја водеше Ривер Плата од 2014 до 2022 година и ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи го и Копа Либертадорес во 2018 година.
Аргентинецот добро го познава и фудбалот во Европа, бидејќи во текот на кариерата настапуваше за Монако и ПСЖ, а она што може да биде најголема пречка за евентуален трансфер е неговото слабо познавање на англискиот јазик.