Дома Фудбал Се појави снимка: Репрезентативецот на Хрватска Марко Ливаја тргна да се тепа со навивачи 🎥

Се појави снимка: Репрезентативецот на Хрватска Марко Ливаја тргна да се тепа со навивачи 🎥

Во хрватските медиуми вчера се пишуваше за инцидент на тренингот на репрезентацијата на Хрватска во кој Марко Ливаја тргнал да се пресмета со навивачите.

Фудбалерите на Хрватска се припремаат за завршниот турнир во Лигата на Нации, а на првиот отворен тренинг на репрезентацијата дојде до инцидент.

Сегашниот играч на Хајдук, Марко Ливаја по финалето на Купот кое неодамна се одигра во Ријека каде што се припрема сега репрезентација пееше погрдни песни со навивачката група „Торцида“. Очигледно навивачите тоа не му го простија.

Ливаја по провокациите од трибините ги загуби нервите, па тргна и физички да се пресмета со навивачите. Фудбалерот на прескокна оградата, меѓутоа реагираше обезбедувањето кое ја смири ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…