Дома Фудбал Се појави снимка од автобусот, тројца играчи на Бока завршија во болница

Се појави снимка од автобусот, тројца играчи на Бока завршија во болница

Автобусот со играчите на Бока беше нападнат пред стадионот на Ривер и во прашање е дали вечерва ќе се одигра долго очекуваното финале во Копа Либертадорес.

Според аргентинските медиуми, тројца играчи на Бока завршиле во болница поради фрлениот солзавец во автобусот од страна на навивачите на Ривер.

Пауло Перез, играч на Бока е пренесен во болница, а со него уште двајца негови соиграчи, додека возачот на автобусот наводно останал без свест.

Доколку дербито вечерва се одигра, тоа би требало да започне со еден час задоцнување, а не во 21 часот како што беше предвидено, иако не е исклучено да се одложи за недела вечер, бидејќи гостите бараат да се прегледаат детално сите нивни играчи.

Во продолжение, снимка од автобусот покажува дека се скршени стаклата. Исто така, во близина на стадионот полицијата физички се пресмета со фанатиците на Ривер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…