Дома Фудбал Се појави ново име како кандидат за наследник на Ковач

Се појави ново име како кандидат за наследник на Ковач

Баерн Минхен во текот на минатата недела се раздели со тренерот Нико Ковач, откако доживеаа дебакл од Ајнтрахт Франкфурт со 1-5.

Во претходните денови се поврзуваат многу тренери со тренерското столче во Минхен, а наводно најблиску беше Арсен Венгер, додека по него се Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.

Германските медиуми објавија уште една интересна вест. Наводно, клубот има дури опција за нов тренер да го ангажира нивниот поранешен фудбалер, Марк Ван Бомел.

Ван Бомел во моментов го тренира ПСВ, а има договор со екипата до 2021 година. Сепак, „Билд“ пишува дека холандскиот стратег ќе добие дозвола да го тренира Баерн доколку тие испратат понуда до ПСВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…