Дома Македонски спорт Се појавил проблем во трансферот на Чурлинов во Барнли

Се појавил проблем во трансферот на Чурлинов во Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов има договорен трансфер од Штутгарт во Барнли и вечерва требаше да го комплетира трансферот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најавите беа дека Чурлинов вечерва ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договор до 2026 година, но се појави бирократски проблеми. Германските медиуми објавија дека имало проблем со визата на Чурлинов.

Поради тој „бирократски прблем“ Чурлинов во четврток ќе ги помине лекарските прегледи во Париз пред да го потпише договорот со Барнли.

За услугите на Чурлинов Штутгарт ќе добие 3.5 милиони евра веднаш за трансферот и уште 1.5 милион евра во разни бонуси. Македонецот е голема желба на стратегот на Барнли, Винсент Компани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …