Дома Фудбал Се поместуваат сите граници: Стигна потврда, го имаме најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

Се поместуваат сите граници: Стигна потврда, го имаме најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

Границите во светот на фудбалот се поместуваат, а се повеќе се вложува во женскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во светот има се повеќе инвестиции, фудбалерите се добро платени, а најновите вести велат дека сега имаме нова најскапа фудбалерка на светот.

Станува збор за колумбиската напаѓачка Мајра Рамирез, која на 24 години стана најскапата фудбалерка на светот, а дресот на шпански Леванте го замени со дресот на англискиот шампион Челзи.

Челзи за Рамирез одвои 450.000 евра, а бројката може да биде и 500.000 доколку одигра барем 30 отсто од натпреварите.

Тоа речиси сигурно ќе се случи бидејќи Рамирез игра во одлична форма.

Претходниот рекордер Кира Волш во 2022 година се пресели од Манчестер Сити во Барселона за 400.000 евра, но прашање на денот беше кога ќе биде соборен тој рекорд.

Женскиот фудбалски клуб Челзи на одличен начин ја претстави Рамирез и направи одличен маркетинг. Не е ни чудо што натпреварите од женската Премиер лига се сè попосетени и што веќе се издвојуваат огромни пари за засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…