Дома Трансфер зона Се огласи фудбалски агент: Јувентус сериозно ќе разгледа три понуди за Влаховиќ!

Се огласи фудбалски агент: Јувентус сериозно ќе разгледа три понуди за Влаховиќ!


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Се почесто се споменува дека напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ (23) на лето би можел да ја промени клупската средина.

Подолго време српскиот напаѓач се поврзува со одредени клубови, а каде и дали ќе замине тешко е да се каже во овој момент. Неодамна беше објавено дека за Влаховиќ се заинтересирани, Баерн, Челзи, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Сега се појавија нови информации.

„Во игра се три клуба. Според мене Јувентус сериозно ќе ги разгледа овие понуди. Сите имаа важен профил, затоа што станува збор за Челзи, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид“, изјави фудбалскиот агент, Масимо Брамбати.

Влаховиќ сезонава во дресот на Јувентус постигна 14 гола во сите натпреварувања. На последниот натпревар против Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа Влаховиќ постигна гол откако влезе од клупата, но тој не беше доволен затоа што Севиља направи пресврт и го елиминираше Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Инзаги го сака Милинковиќ-Савиќ во Интер

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Се…