Налутениот Кристиано Роналдо не сака да слушне за нов договор со Реал Мадрид во овој момент, тврди „Марка“ во денешното издание.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сега не е најдобриот момент за тоа“, бил одговорот на Роналдо.
Неговиот договор со Реал Мадрид истекува во 2021 година и беше обновен пред 14 месеци. Меѓутоа, неубедливите резултати оваа сезона ја влошија атмосферата во тимот и логично носителот на „Златна топка“ сноси наголеми критики.
#LaPortada '¿Renovación? No es el momento más oportuno' https://t.co/FTjhqmAEKk
— MARCA (@marca) January 17, 2018
Изминатите денови медиумите се полни со написи дека Роналдо не е среќен од фактот што заработува помалку од Меси, а некои медиуми тврдеа дека Перез е спремен и да го продаде.
Во однос на тоа Роналдо се уште не излезе со официјален став и изјава, со што додатно ги подгреа шпекулациите.