Дома Фудбал Останато Се огласи Роналдо: Не сум добро, јас сум многу добро!

Се огласи Роналдо: Не сум добро, јас сум многу добро!

Кристиано Роналдо за прв пат пред медиумите се огласи по моментот од натпреварот против Милан.

Роналдо против Милан беше заменет во 55-тата минута и во тој момент покажа незадоволство со тоа што не се упати на клупата туку продолжи право соблекувалната.

После натпреварот Маурицио Сари го оправда својот потег со тврдењето дека Роналдо имал повреда поради која не одиграл на нивото и затоа бил заменет.

Меѓутоа Роналдо еве само неколку дена подоцна ќе игра натпревар за Португалија и како што самиот кажа е максимално спремен. Како и претходните најави од репрезентацијата на Португалија сега и самиот Роналдо потврди дека се чуствува одлично.

„Се пишуваше дека Роналдо е добро…Јас не сум добро, јас сум – многу добро“, кратко им порачал Роналдо на медиумите на денешниот тренинг на Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок зад кулисите на Светското првенство 2030: Тајниот договор веќе одлучи каде ќе се игра финалето?!

Борбата за домаќинството на финалето на Светското првенство 2030 година сè повеќе добива п…