Дома Фудбал Останато Се можело да биде поинаку: Како Гвардиола со еден човек зад себе го победил Мурињо

Се можело да биде поинаку: Како Гвардиола со еден човек зад себе го победил Мурињо

0
mourinho guardiola

Кога во 2008 година требаше да го замени Франк Рајкард, сите членови на одборот на Барселона биле за Жозе Мурињо, освен Хуан Лапорта.

Во тоа време каталонскиот гигант се уште се опоравуваше од губењето на титула во Ла Лига од Реал Мадрид.

Гвардиола го тренираше Б тимот на Барселона и имаше огромно влијание. Во меѓувреме, Мурињо беше без ангажман, го напушти Челзи неколку месеци претходно.
55 годишниот стратег работеше на „Ноу Камп“ како преведувач на Сер Боби Робсон пред да му помага на Луис Ван Гал.

Направил презентација пред шефовите на Барселона на која го изнел својот став и требало да го превземе тимот, но на крајот Пеп Гвардиола ја добил работата. Таа одлука на раководството на Барселона и се исплатеше веќе во првата сезона, а била донесена само од почит кон легендата на клубот Јохан Кројфт.


Следете го Sportski.mk и на


Поранешниот претседател на Барселона Хуан Лапорта откри дека го избрале Гвардиола затоа што бил во склад со клупската филозофија.

„Беше тоа долг процес бидејќи членовите на одборот го сакаа Жозе. Тврдеа дека ни е потребен тренер кој брзо ќе донесе резултати. Меѓутоа, го прашав Пеп дали е спремен бидејќи Бергистаин и Јохан ми кажаа дека го следеле и дека ќе биде добро решение. Агентот на Мурињо (Жорге Мендеш) ме повика и ми праша: Ќе го изберете ли Мурињо, ако сте заинтересирани можеме да разговараме. Но јас му одговорив: Не, Жорге, го избравме Пеп Гвардиола“, откри Лапорта.

Лапорта исто така откри дека Гвардиола веднаш му порачал дека ќе освои се на „Камп Ноу“. Тоа на крајот и случи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Можат ли гостите до изненадување против европскиот шампион?

За крај на овогодинашниот циклус во Лига на нации ни останува дуелот помеѓу Португалија и …