„Марка“ објавува дека се е завршено и наскоро Чави Ернандез ќе стане нов тренер на Барселона.
Претставници на Барселона вчера допатуваа на преговори во Катар, клубот официјално тврди дека не сака да го пушти, но како што стојат работите до разделба ќе дојде. Самиот Чави вчера и изјави дека сака да се врати во Барселона.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пишува дека легендата на Барселона веќе се поздравил со фудбалерите на Сад и ги известил дека наскоро се сели во Барселона. Дополнителна потврда на оваа информација на „Марка“ фотографиите кои дел од фудбалерите на Ал-Сад ги објавија на социјалните мрежи.