Дома Фудбал Англија Се е готово: Лукаку пристигна на лекарски прегледи!

Се е готово: Лукаку пристигна на лекарски прегледи!

Манчестер Јунајтед го продаде Ромелу Лукаку.

Белгискиот напаѓач силно посакуваше да ја напушти екипата од Олд Трафорд и да потпише за Интер, а таа желба на крајот му се оствари.

Лукаку синоќа во друштво на агентот Федерико Пасторело пристигна во Милано, а денеска ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише петгодишен договор со Нероаѕурите.

Манчестер Јунајтед ќе инкасира 65 милиони евра од овој трансфер, а може да заработи и дополнителни 10 милиони евра низ одредени бонуси.

Исто така, екипата од Олд Трафорд ќе има и пет проценти од наредниот трансфер на белгискиот напаѓач.

Лукаку заминува од Јунајтед после две ипол години и со учинок од 42 постигнати погодоци во 96 настапи за Црвените ѓаволи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Младите кошаркари и кошаркарки денес ги добија групите

Денес младите кошаркари и кошаркарки ги добија противниците за европските првенства во три…