Дома Фудбал „Се договоривме да ги натераме бугарските расисти да патат и тоа го направивме“

„Се договоривме да ги натераме бугарските расисти да патат и тоа го направивме“

Непримерното однесување на домашните навивачи во Бугарија го обележи квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу Англија и Бугарија.

Цел натпревар домаќините ги навредуваат фудбалерите со темна боја на кожата и нацистички салутираа.

Разбирливо сите го осудуваат таквото однесување, помеѓу нив е и Џордан Хендерсон.

„Вакви работи не смеат да се случуваат. Нешто треба да се превземе, но сметам дека играчите беа извонредни иако беа лути. Со фудбал одговоривме на навредите. На полувремето се договоривме да ги натераме да патат, мислам дека тоа и го направивме“, изјави Хендерсон за „Би-Би-Си“.

Англија ја победи Бугарија со 6:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…