Дома Македонски спорт Се губи ли големото ривалство? Едни од најголемите македонски ривали сега имаат – ист спонзор!

Се губи ли големото ривалство? Едни од најголемите македонски ривали сега имаат – ист спонзор!

Телекомуникациската компанија МТЕЛ успеа да направи нешто што во минатото изгледаше незамисливо, на еден начин ги збратими вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички.

Имено, МЗТ Скопје денес информираше дека нов клупски спонзор ќе биде фирмата-ќерка на Телеком Србија.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


„КК МЗТ Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на две посебни прес-конференции, кои ќе се одржат во вторник (26 септември) и в среда (27 септември) во салата за состаноци во СЦ „Јане Сандански“, на кои ќе бидат промовирани нови договори и спонзорства, но и официјално ќе биде презентиран тимот за новата сезона, која веќе успешно ја почнавме со трофејот во Суперкупот.

Повод за прес-конференцијата што ќе се одржи во вторник (26 септември) со почеток од 13 часот е потпишувањето договор за спонзорство со компанијата МТЕЛ, членка на групацијата Телеком Србија и тоа помеѓу директорите Филип Ѓоревски и Марко Лопичиќ. На настанот е предвидено присуство и обраќање и на генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лукиќ и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски“, стои во објавата на клубот од Аеродром.

Оваа компанија лани во октомври стана спонзор на Работнички најавувачки четиригодишна соработка.

Треба да се спомене дека за првпат во историјата едни од најголемите македонски ривали ќе имаат ист главен спонзор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Хаос: Претседателот на Анкарагучу влета на терен го нокаутираше судијата🎥

Немили сцени се забележани вечерва во Турција, веднаш по натпреварот помеѓу Анкарагучу и Р…