Дома Останати СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Српски голман доживеа срцев удар на тренинг!

СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Српски голман доживеа срцев удар на тренинг!

Српскиот ракометен голман Славиша Џукановиќ доживеа срцев удар на тренинг. Тој од оваа сезона настапува за францускиот прволигаш Аикс и почувствувал проблеми со срцето.

Хитно е пренесен во болницата во Марсеј, каде му бил констатиран срцев удар, па лекарите се борат за неговиот живот.

„На тренингот му се слоши и само падна. За среќа, тука беше докторот кој го одржа во живот. Страшно! Тој е вистински спортист, не пиеше ниту пушеше“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Србија.

38-годишниот Џукановиќ е поранешен српски репрезентативец, а на последното Европско првенство ја напушти репрезентацијата поради несогласување со првиот голман Дарко Станиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пред „Јане“ ќе има навивачка фан зона за враќањето на ЛШ во Скопје!

Ракометарите на Вардар в среда ги очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите…