Дома Фудбал Англија Се активира алармот на Олд Трафорд, Мурињо донесе важна одлука

Се активира алармот на Олд Трафорд, Мурињо донесе важна одлука

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е свесен дека има проблеми и дека играчите кои се на одмор мора веднаш да се вратат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед бележи слаби резултати на американската турнеја, но и тоа не е чудно бидејќи му недостасуваат дури 17 првотимци, кои настапија на СП и затоа имаат подолг одмор.

Но, првенството започнува на 11. август, а Португалецот е свесен дека клубот мора да реагира и играчите што поскоро да се вратат за да имаат барем малку време за воигрување.

Од првиот тим во тимот моментално се Санчез, Бејли, Лук Шо и Андер Ерера. Први на повикот на Мурињо се вратија Џонс и Рашфорд.

„Се надевам дека и другите ќе ги следат нивните примери и ќе се вратат да му помогнат на тимот, бидејќи чуствувам дека може да бидеме во неволја.“ порача Мурињо, кој очекува барем уште некое засилување до почетокот на сезоната.

„Би сакал уште двајца играчи, но не сум сигурен дека ќе ги добијам. Им ја дадов листата на надлежните со пет имиња и ќе видиме дали ќе можеме да ги донесеме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Момент кој направи разлика: Нико Вилијмас немаше да ја стигне топката, ако Молина не го туркаше (Видео)

Фудбалската репрезентација на Шпанија го освои финалето на Светското првенство совладувајќ…