Дома Кошарка Сет Кари позитивен на коронавирус, цел тим заврши во изолација

Сет Кари позитивен на коронавирус, цел тим заврши во изолација

Целиот тим на Филаделфија остана во карантин по дуелот со Бруклин, откако беше откриено дека еден кошаркар имал коронавирус.

Станува збор за Сет Кари, чии резултати од тестирањето пред натпреварот биле позитивни, а веднаш кошаркарот заминал во самоизолација.

Екипата на Филаделфија ја очекува ново тестирање, по кое ќе биде познато што ќе прави тимот во иднина. Доколку има уште заразени, цел тим ќе остане во карантин.

Камерунскиот центар Џоел Ембид седеше во текот на првата четвртина на клупата покрај Кари. Филаделфија во мечот го доживеа вториот пораз во сезоната, откако загуби со 109-122.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со 25 поени Димитријевиќ ја направи разликата за Арис на Лефкада

Ненад Димитријевиќ беше прв стрелец на Арис во гостинската победа над Лефкада со 88:77. Ма…