Мајката на напаѓачот Брил Емоболи испрати сериозни обвинувања кон Камерун, таа ја обвини федерацијата на оваа земја дека за да се игра во репрезентацијата треба да се плати.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Швајцарија беше подобра од Камерун со 1:0 против Камерун, а единствениот гол на натпреварот го постигна Емболо кој е роден во Камерун. Напаѓачот доби многу критики за неговиот избор да игра за швајцарската репрезентација, дури и се протестираше пред неговиот дом.




Сега во јавноста излезе неговата мајка.
„Оставете го син ми на мира! Швајцарија го израсна и го тренираше, па тој само врати за се што му даде. Во Камерун место да ги тренирате играчите и да работите со нив барате пари за да се игра во репрезентацијата. За да играте за репрезентацијата треба да бидете член на Утопија“, порача мајката на фудбалерот.




Утопија е менаџерска агенција која во овој момент ги поседува правата на имиџот на Самуел Ето кој е прв човек на фудбалот во Камерун.