Дома Трансфер зона Сепак има надеж за договор помеѓу Рамос и Перез?

Сепак има надеж за договор помеѓу Рамос и Перез?

Шпанска „Марка“ пишува за можни промени во ситуацијата помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос.

Според последните информации, Рамос и Перез ќе ги продолжат преговорите, а такво нешто до неодамна според она што се пишуваше изгледаше невозможно. „Марка“ ексклузивно пренесува дека Перез и

Рамос имале состанок и не си затвориле вратата еден на друг.
Изгледаше дека едниот и другиот нема да попуштат, меѓутоа сега се најавува дека сепак може да се најде решение.

Од претходно е познато дека Рамос бара неговата плата да остране иста (12 милиони евра) и договор на две години, додека Перез му нуди договор на една година со 10% помала плата.

Главната причина за тоа што се уште има шанси Рамос да ја продолжи е големата почит која се уште ја има помеѓу двете страни, барем така тврди „Марка“.

Како и да е до крајот на сезоната и летото нема уште многу, па наскоро работите ќе станат и појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти ја започнаа трката за новиот „бисер“ на Салцбург

Салзбург после Ерлинг Халанд изгледа има ново голгетерско чудо. Австрискиот шампион има но…