Дома Фудбал Сензација на Африканскиот куп на нации. Тотален аутсајдер исфрли еден од фаворитите

Сензација на Африканскиот куп на нации. Тотален аутсајдер исфрли еден од фаворитите

Алжир сензационално испадна од Африканскиот куп на нации во Брегот на Слоновата Коска, откако во последното коло од групата Д загуби од Мавританија со 1:0 со голот на Делахи во 37. минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алжир беше трет фаворит за титулата, веднаш зад Мароко и Сенегал, но заврши на последното место во групата.

Африканскиот шампион од 2019 година ремизираше со Ангола 1:1 и Буркина Фасо 2:2 во првите две кола, а победата во последното коло против Мавританија рутински ќе ги однесеше во второто коло. Ќе им одговараше и бод бидејќи речиси сигурно ќе минеа како една од најдобрите третопласирани репрезентации, но не успеаја да освојат ниту еден бод.

Мавританија победи со голот на Делахи по одбиена топка во шеснаесетникот, Алжир напаѓаше и доминираше, но не успеа да го пробие бункерот. Мавританија, за која ова е само трет настап на Купот на нации, за прв пат ја помина групата и првпат победи некого.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…