Дома Останати Тенис Сензација во Мајами: Рубљов елиминиран од 60. тенисер во светот

Сензација во Мајами: Рубљов елиминиран од 60. тенисер во светот

Рускиот тенисер Андреј Рубљев беше елиминиран во првиот меч на Мастерсот во Мајами, бидејќи беше поразен од Чехот Томаш Махач со 2:0, во сетови 6:4, 6:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шестиот играч на светот во дуелот од 2.коло на турнирот од серијата 1.000 загуби за само 65 минути.

Моментално 60. тенисер на АТП листата направи по еден брејк во двата сета и тоа се покажа како доволно за голема победа. Во вториот сет Русинот имаше по една брејк топка во шестиот и десеттиот гем, но не ги искористи.

Во следното коло Махач ќе игра против победникот од мечот помеѓу Енди Мареј и Томас Мартин Ечеверрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…