Дома Фудбал „Сенаторите“ добиле јасна порака од Барселона: Ако не заминете ќе седите на клупа

„Сенаторите“ добиле јасна порака од Барселона: Ако не заминете ќе седите на клупа

Барселона ја загуби титулата во Шпанија од Реал Мадрид, а потоа беа посрамотени од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампиони со 2-8.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на каталонскиот гигант веднаш реагираше и ги промени тренерот Кике Сетиен и техничкиот директор Ерик Абидал, па за нов стратег беше поставен Роналд Куман, а сега следат промени и меѓу играчите.

Барселона веќе реши да ги постави ѕвездите на трансфер-листата, а таму се Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Жерар Пике, а според медиумите, тие добиле јасна порака.

Ако не бидат продадени во текот на летниот преоден рок, тогаш ќе се преселат на клупата за следната сезона, а тоа сигурно ќе биде удар за нив бидејќи беа навикнати да играат во првиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…