Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Романија за дуелите со Исланд и Лихтенштајн повика 15-годишен фудбалер

Селекторот на Романија за дуелите со Исланд и Лихтенштајн повика 15-годишен фудбалер

Селекторот на Романија кој во септември ја водеше оваа селекција против Македониај во Скопје за ноемврскиот циклус повика 15-годишен фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Енес Сали кој игра за Фарул настапуваше за кадетската селекција на Романците. Сали е роден во Канада, а има и турски корени, па веројатно со овој потег Радои сака да го убеди да ја избере Романија како селекција за која ќе настапува.

Со евентуално деби „А“ репрезентацијата Романците би го обезбедиле. Тој е роден во Торонто, две години беше дел и од академијата на Барселона Ла Масија. Од оваа година е член на Фарул каде што дојде од академијата на Георге Хаџи.

Ќе потсетиме дека Романија е наш главен ривал во борбата за втората позиција и со евентуален кикс во некој од дуелите со Исланд и Лихтенштајн би имале шанси за втората позиција, секако ако ние си ја завршиме работата и славиме против Ерменија и Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …