Дома Фудбал Останато Скоро две години секој ден објавувал слика од Гризман, сега доби одговор и од Французинот

Скоро две години секој ден објавувал слика од Гризман, сега доби одговор и од Французинот

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман вчера официјално стана фудбалер на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гризман во Барселона пристигна од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а утре ќе биде претставен на „Камп Ноу“. Францускиот напаѓач уште минатата година требаше да дојде во Барса, но тогаш одлучи да остане во Атлетико.

Меѓутоа, изгледа дека тоа било само прашање на момент кога Гризман ќе потпише за Барселона. Еден негов навивач уште пред две години беше сигурен дека Гризман ќе заигра во дресот на Барса.

Тој 25. септември 2017. година објави дека секој ден ќе објавува фотографија од Гризман се додека тој не потише за Барса. 655 дена по ред тоа го правеше, а потоа дојде денот кога Гризман заврши во Барселона.

Дури и на Твитер се огласи францускиот напаѓач кој му честиташе на својот фан на исполнувањето на ветеното и што секој ден објавувал по една негова фотографија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел се избори за голема промена кај ФИФА

Селекторот на репрезентацијата на Англија Томас Тухел успеа да издејствува промена на прот…