Условната затворска казна од 21 месец поради затајување на данок на фудбалерот на Барселона, Лео Меси се претвори во паричен надоместок од 252.000 евра, соопшти денес судот во Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лео Меси и неговиот татко Хорхе во јули изминатата година беа обвинети дека затаиле 4,1 милиони евра стекнати од продажбата на правата на фотографиите на фудбалерот на Барселона.
Меси доби условна затворска казна од 21 месец, а неговиот татко од 15 месеци, но според шпанскиот закон, казната помала од две години може да се отслужи како условна, па Меси и неговиот татко не заминаа во затвор.Неговиот татко инаку е санкциониран со 180.000 евра.
Најголемата ѕвезда на Барселона, Меси оваа недела потпиша нов договор со каталонскиот клуб, а неделно ќе прима 570.000 евра, што значи дека би требал да работи дури три дека, за да ја исплати казната.