Дома Фудбал Англија Сеир на сметка на Луиз: Кажа дека можат до титула и Арсенал од тогаш – не победи!

Сеир на сметка на Луиз: Кажа дека можат до титула и Арсенал од тогаш – не победи!

Бразилскиот фудбалер Давид Луиз во текот на летниот преоден рок направи трансфер од редовите на Челзи во Арсенал.

Во Арсенал пристигна како големо засилување во одбраната и се очекуваше да ја зацврсти одбраната. Меѓутоа неговото доаѓање не ги подобри премногу работите и Арсенал ја игра една од најлошите сезони во историјата.

„Топџиите“ се без победа веќе девет натпревари што е најдолга низа без победа на Арсенал во последните 42 години. Токму пред девет натпревари Луиз даде изјава која сега му се „удри од глава“.

Бразилецот тогаш најави дека Арсенал може да се бори за титулата.

„Моите амбиции секогаш се да се борам за титулата. Арсенал има шанси оваа сезона да ја освои“, изјави Луиз и од тогаш Арсенал не победи на ниту еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси е тоа и ваква „магија“ за него е нешто нормално 🎥

Барселона вечерва игра против Наполи и е на добар пат да оствари пласман во четвртфиналето…