Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Благодарност до фановите за одличната атмосфера

Седлоски: Благодарност до фановите за одличната атмосфера

Тимот на Шкупи послеа пауза од една година викендов се врати во Чаир и во овој натпревар го совлада Борец со 3:0. Головите за чаирчани ги постигнаа Матеј Цветаноски и Сандеј Адетунџи (два).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стратегот Гоце Седлоски е задоволен од прикажаното на неговиот тим.

„Во првото полувреме игравме она како што сакам да игра Шкупи. Во второто во првите 10 минути не бев задоволен, Борец тогаш создаде неколку прилики за гол. Ние пропуштиве два-три 100% кои требаше да ги реализираме. Им благодарам на фановите за фантастичната атмосфера. Сега ќе се подготвуваме за мечот во Купот на Македонија, очекувам и таму да го прикажеме најдоброто“, изјави Седлоски.

После седум кола Шкупи со 14 освоени бодови се наоѓа на врвот.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …