Дома Трансфер зона Сега е готово: Врсаљко утре на прегледи во Интер

Сега е готово: Врсаљко утре на прегледи во Интер

Изминатите денови медиумите пишуваа дека Шиме Врсаљко е блиску до трансфер во Интер, а сега конечно двата клуба постигнаа договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „Скај Италија“ потврди дека Интер и Атлетико постигнале договор за Хрватот. „Нероаѕурите“ ќе платат 6,5 милиони евра за едногодишна позајмица, а следното лето ќе можат да го откупат неговиот договор за додатни 17,5 милиони евра.

Врсаљко се очекува утре да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот.

За Врсаљко ова ќе биде враќање во Италија каде претходно настапуваше за Џенова и Сасуоло, а Спалети конечно ќе го добие посакуваното засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…