Дома Видео Севиља со погодок во 90 минута го победи Ливерпул

Севиља со погодок во 90 минута го победи Ливерпул

Фудбалерите на Севиља синоќа во пријателски натпревар го совладаа Ливерпул со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу екипи се на припреми во САД, а меѓу нив се Севиља и Ливерпул кои тука ја искористија шансата да одиграат пријателски натпревар.

Нормално, ова беше шанса за тренерите да им дадат шанса на сите играчи што на крајот го и направија. Но, повеќе покажа Севиља и на крајот тимот од Андалузија славеше со 2:1.

Севиља поведе во 37. минута кога мрежата на Црвените ја затресе Нолито, но Ливерпул израмни само шест минути подоцна со голот на Ориги.

Во второто полувреме и двата тренери ги заменија скоро целите тимови, а квалитетот на игра беше ист како и во првиот дел. Во самиот финиш беше постигнат уште еден погодок и го добивме победникот.

Тоа се случи во 90. минута кога Мунир одлично му асистираше на Поза, а тој погоди за 2:1 и победа на Севиља, иако овој тим играше со играч помалку откако Њањон во 76. минута доби директен црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Навивач се обиде да влезе на терен на Светското првенство: Ова многу од присутните не го забележаа (Видео)

Соединетите Американски Држави успешно го започнаа Светското првенство во фудбал со убедли…