Дома Останати Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма.

Kомисијата за шах во образованието која, е дел од ФИДЕ, го сертифицираше Јахја Кемал со златен амблем по спроведеното оценување на десет критериуми и активности коишто овозможуваат успешно имплементирање на шахот како дел од образовната програма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златната награда е доделена на ПСУ „Јахја Кемал” поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Одлично се оценети и предложените подобрувања како проширувањето на наставната програма за да вклучи интердисциплинарни пристапи, проширување на шаховските клубови за различни возрасни групи и способности за пошироко учество.

Образовната комисија за шах при ФИДЕ годинава додели над 20 признанија согласно оценетите критериуми за златна, сребрена и бронзена награда. Златниот амблем ПСУ „Јахја Кемал” го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан. Највисокото признание го дели со уште 13 шаховски школи од земји во кои шахот е бренд и доживува најголема експанзија на светските првенства, како на пример Индија,

Кина, а во ова друштво се и школи од САД, Шпанија, Бразил и други. Ова престижно признание од Светската федерација за шах за прв пат е доделено на училиште во Македонија, инаку шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Јаник Синер се повлече од Олимписките игри

Јаник Синер попладнево ги шокираше своите фанови и италијанската спортска јавност, откако …