Бразилскиот фудбалер, Лукаш Моура е незадоволен од својот статус во ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Моура во ПСЖ пристигна во 2013 година одигра 152 натпревари, но оваа сезона настапи само на пет од вкупно 22 лигашки натпревари во шампионатот, пред се поради доаѓањето на Нејмар и Килијан Мбапе.
„Не сум среќен. Веќе подолго време не играм и тоа тежок удар за мене бидејќи не можам да го покажам она што го правев во претходните години. Точно е дека би ми одговарала шпанската лига бидејќи ја имам потребната брзина и техника која се бара таму“, изјави Бразилецот за „Л’Eкип“.
Пред да пристигне во Европа, Моура кој собра 36 настапи за репрезентацијата на Бразил настапуваше за Сао Паоло.