Дома Фудбал Останато Сари ќе биде новиот тренер на Челзи – еве колку Абрамович ќе мора да плати!

Сари ќе биде новиот тренер на Челзи – еве колку Абрамович ќе мора да плати!

Се чека само официјална потврда, но извесно е дека Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Челзи за наредната сезона.

Изгледа дека се е завршено! Зола ќе биде спортски директор, а Мартушело, поранешниот тренер и играч на Емполи кој е човек од доверба на Сари ќе биде негов помошник.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Колку ќе мора да плати Абрамович?

Конте мора да добие 11 милиони евра бидејќи заминува една година пред истекот на договорот.

Сари ќе потпише договор на три години, пет милиони по сезона, плус три како бонуси, треба да се пласира во Лигата на шампионите.

Наполи ќе добие пет милиони како дел од договорот, а плус три добиваат менаџерите и адвокатите на Сари. Кога се ќе се собере, се доаѓа до сума од 37 милиони евра, па јасно е колкава била желбата на Абрамович токму Сари да биде новиот менаџер.
Причина?

Работата со младите играчи, созадавање на тим кој не зависи од ѕвездит и атрактивниот стил како шлаг на тортата. Плус Италијанец кој зборува англиски, што не е баш честа појава во фудбалот.

Новата ера за Челзи изгледа започнува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве кога ќе се играат полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите

Откако се одиграа реваншите од сите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, позн…