Дома Фудбал Сапуницата продолжува: Буфон сепак НЕ донел конечна одлука!

Сапуницата продолжува: Буфон сепак НЕ донел конечна одлука!

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон наговести дека би можел да ја продолжи кариерата и после завршувањето на оваа сезона.

Италијанските медиуми неодамна пренесоа дека Буфон донел конечна одлука да стави крај на кариерата, но самиот тој не е сигурен дали ќе се пензионира ова лето.

„Мотивацијата е се. Додека имам сила да патам на терен, да се борам, ќе продолжам. Ќе разговарам со клубот дали можам да продолжам или не. Без оглед што ќе се случи секогаш ќе бидам благодарен на кариерата која ја имав и на она што го дадов за Јувентус, Парма и репрезентацијата“, изјави Буфон.

Буфон во ноември одлучи да се повлече од италијанската репрезентација после неуспехот да се пласира на СП, но најверојатно повторно ќе го облече репрезентативниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мора и Мален ја кренаа Рома: Каљари падна за две минути

Каљари израмни во 81. минута, но Мора и Мален експресно одговорија за победа на Рома од 4:…